Времето денеска ќе биде умерено облачно, а во текот на денот локално ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови.
Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 12 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 22 степена.
До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, особено утре кога дневните температури ќе се движат од 16 до 24 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од западен правец. Во вторник ќе биде посвежо со засилен ветер од северен правец, а врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Од среда ќе биде стабилно и потопло.
В понеделник дневните температури ќе бидат од 16 до 23, а во вторник од 12 до 20 степени.