| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО по примерот на УДБА: Закани, уцени и притисоци па прослава со алкохол

Аналитичарот и универзитетски професор, Оливер Андонов во својата последна колумна ги открива своите информации за тоа како работат специјалните обвинители во постапките за оформување на своите предмети. Андонов пишува дека процесот започнува со силни закани и дрски уцени кон лица на кои им ветуваат улога на заштитени сведоци, театрални прес конференции, барња за притвор и притисоци врз судиите, а на крај завршуваат со прослава со алкохол доколку успеат судијата да го прифати нивното барање за притвор.

andonov

– Отворено и директно заплашување на секој сведок кој го канат на разговор. ,,знаеме се, од тебе зависи дали ќе останеш само сведок (заштитен сведок) или обвинет. Имаш фамилија, деца…, размисли…, те чека затвор преку 5 години ако не соработуваш,, се најчестите реченици како вовед во „испрашувањето“, кое многу потсеќа на некои други времиња и служби. Впрочем недостасува уште електрична ламба за вперување во лицето на лицето кое се испрашува. Притоа често ја користат истата финта кај сите, кажувајки им дека другите сведоци веќе тајно се согласиле за соработка, дале добра изјава, потпишале и тие ќе се извлечат, а тој/таа ќе заглави, пишува во својата колумна Андонов.

По ова, според информациите на Андонов следува постапка на обработка на сите соработници на таргетот, го повикуваат на сослушување кое може да трае и во неколку продолженија за успехот да биде поголем. Но сепка, како што пишува Андонов поголемиот дел успеваат да го издржат притисокот. Следниот чекор се театралните препознатливи прес конференции.

– Откако со принуда, заплашување или уцена ќе обезбедат еден или двајца вакви сведоци, следува прес конференција, на која се трудат да ја убедат јавноста дека имаат цврсти докази за незаконитост или криминал. На прес конференцијата е присутна тетралност, демонстрација на ефтини актерски способности и предизвикување драматичност, а се со цел да се анимираат широките народни маси. Вокабуларот на прес конференциите е крајно партиски, едностран, а жртвите се исклучиво од партијата на власт или нивни соработници во институциите, впрочем не видовме ниту една прес конференција која се однесуваше на случајот Пуч кој патем го одложуваа од крајно тривијалнио причини. Вообичаено највисокиот во хиреархија, најчесто познат политичар од партијата на власт им е главната цел, а сите други ги обвинуваат како соработници и сето тоа без докази со цел да ги условат и принудат подоцна да им станат соработници против главната цел, повторно заканувајќи се сега на друг отворен но многу перфиден начин. Прес конференцијата или ефтината драмска изведба има за цел да се изврши влијание и врз судиите, и не случајно на овие прес конференции седат и повеќе амбасадори кои со своето присуство испраќаат сигнал до судиите дека стојат зад СЈО и неговите намери, пишува Андонов.

По потпишаната наредба за истрага следат барањата за притвор и сослушувањата во кривичниот суд. Таму секако, пишува Андонов се појавуваат и обвинителите од СЈО. Повеќе часовните распити според професорот имаат за цел да го зголемат притисокот.

– При тоа, не ретко низ судот се шетаат преставници на една или две странски амбасади укажувајки дека се дојдени да видат дали се е во ред и дали некој врши влијание на судијата, а всушност со нивното присуство, имајќи ја предвид силата и меѓународната позиција на земјата која ја преставуваат, самиот тој сака да извршат влијание. За ова зборуваше и претседателот Иванов во своето обраќање до нацијата, пишува Надонов.
Андонов во својата колумна пишува дека по ова обвинителите од СЈО го започнуваат процесот на убедување на судијата користејки ги притоа сите можни сценарија за поинаква разврска. Дел од судиите, според пишувањата на Андонов не ретко се викани на обработка и во амбасадите.

– Неретко, СЈО влегува сам во собата на судијата и долго го убедува со сите можни средства дека е многу важно да даде притвор. Дека сето ова го следи меѓународната заедница и дека ќе бидат разочарани од судијата доколку не даде притвор. Дека ќе го сметаат за соработник на “режимот”, нема никогаш да го праќаат на оние бесплатни патувања за обуки во странство и дека на некој начин ќе си ги навлече на врат нив, а тоа ќе влијае врз неговата кариера, а можеби и семејство. Важно е да се напомене дека во тој момент истражниот дежурен судија нема целосен увид во поднесените докази, ниту доволно време да ги проучи, а во исто време треба да донесе одлука за притвор врз основ на лична перцепција и проценка во целата оваа исконструирана атмосфера на притисок. Информациите говорат дека по добиениот прв притвор СЈО се собрале на прослава, и имало многу многу пиење. Шишиња и шишиња алкохол се испиле од радост дека успеале во конструкцијата. Многу често, СЈО по изречениот притвор, а пред да се однесе жртвата во притворот, се приближува и насамо му вели нешто од типот: оди сега таму каде ќе одиш, па ќе контактираме на некој начин, за да ми кажеш се што треба и се што знаеш. Тоа е најава за жртвата во притворот да размислува и да ,,се скрши,, да стане соработник кој ќе намести некој друг, за него да го пуштат, пишува Андонов.
Дополнително на ова, Андонов вели дека без логика СЈО спроведува претреси во домовите на сомничените.

– Иако во најголем број случаи немаат никаква логика (на пример некој е осомничен за изборна нерегуларност пред три години, што ли би криел дома), сепак се бараат претреси на неговиот стан и други негови и на негови блиски простории со следните цели:
-да се влее страв кај него, кај сите сведоци и осомничени кој би водел кон непринципиелна изнудена соработка за лажно кодошење и местење на главната зртва;
-да се најде случајно нешто незаконско или лично компромитирачко кон жртвата, па да се користи за негова уцена. Од типот пиштол без дозвола, или некој финансиски документ, или некои белешки во тевтери или пак некои приватни работи кои потоа можат да се злоупотребат за уцена во правец претресуваните да им станат соработници против главната цел. Се разбира со лажен исказ, онаков каков СЈО посакува. Во духот на онаа легендарна реплика од срекјна нова 49та: „извини Пиги, морално беше“.
-доколку пак неприфати да стане соработник да го обвинуваат и него, за пример за другите.
-и на крајот со самиот претрес да се дополни јавната осуда кај соседите и целата јавност дека жртвата е виновна и веже осудена, пишува Андонов.

Оливер Андонов оценува дека СЈО работи како УДБА во старите времиња и полошо од тоа.

– Во сето ова нема ништо професионално. Се е обратно од тоа. Се е недозволиво. И тие тоа го знаат. Но, ги мотивираат три фактора:
1.политичката омрза кон ВМРО-ДПМНЕ и неговите експоненти, и силната наклонетост кон СДСМ;
2.чадорот и неговото охрабрување и ветување дека тие се базата на идното ново јавно обвинителство во Македонија;
3.и замислете, верувале или не месечните примања на секој обвинител во СЈО кој според неофицијалните информации се движат и достигнуваат неверојатни суми несвојствени за просекот на работата што ја вршат. Доколку не примаат толкави вкупни износи, нека демантираат јавно, односно нека ги обелоденат своите приходи. Енормно високи суми земаат и истражителите, и другите вработени во СЈО, вклучително и експертските соработници кои имаат и медиумска улога. Така се купуваат обвинителите да работат на ваков начин. Од буџетски народни пари особено успешно и добро се плаќаат и нивните јавни стручни подржувачи, чија задача многу малку е да стручно им помагаат, а многу повеќе да настапуваат секоја вечер во разни информативни и дебатни емисии и да ги бранат пред јавноста нивните постапки, да шират лажна пропаганда во корист на СЈО, а против жртвите кои се малтретираат, а тоа го прават како што реков за добри пари и неуморно. Адвокати, професори, академици, поранешни судии и обвинители се наоѓаат на нивниот платен список за пропаганда, заклучува Андонов.

Професорот Оливер Андонов оценува дека и во наредниот период СЈО ќе продолжи да работи на истиот начин, претставувајки се како независно тело под странска поддршка што сака да донесе нивна дефиниција на демократија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top