Прилепчанец ја побара својата сакана за сопруга преку објава во весник. Златко преку целата страница на неделниот прилепски весник „Зенит“ јавно го постави судбоносното прашање.
„Биле, омажи се за мене. Вечно ќе бидам најсреќниот човек на светот ако кажеш ‘да’ – Златко“.
Запросената девојка е дел од редакцијата на весникот, но закупот на страницата се случил во последен миг пред да се пушти во печат најновото издание, пишува „Телграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.