Научиниците веруваат дека губењето невиност е длабоко скриена во гените на човекот.
Истражувачи од Универзитетот во Кембриџ идентификувале 38 гени кои може да се доведат во врска со одредување на времето на губењето невиност, односно со времето кога почнуваат првите сексуалени односи во животот. Некои се одговорни за регулирање на хормоните, другите се заслужи за неурокогнитивните аспекти на однесување.
Со изучување на овие гени се дошло до заклучок дека раното почнување на пубертетот е тесно поврзано со раното почнување на сексуалните односи. Секако, покрај гените, голема улога има и околината, односно културолошките фактори како религијата, општеството и родителската грижа.
-Сега може да го пресметаме времето на стапување во сексуални односи по принципот во кој 25 отсто улога имаат наследните фактори, што значи дека губењето невиност 75 отсто зависи од воспитувањето – изјави авторот на истражувањето Џон Пери.
Во проектот учестувале 125.667 лица од Велика Британија и 241.910 лица од Исланд и САД.
Генот МСРА е поврзан со доцното почнување на сексуалните односи, но и со карактеристика на невротичност, а генот ЦАДМ2 е поврзан со раното губење невиност, но и со желбата за големо потомство и со ризично однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се критичните години во вашиот живот
-
Тинејџерката Жизел ја продала својата невиност преку Интернет: Не ми се веруваше дека некој толку ќе плати
-
Моника и Лола ја продаваат својата невиност: Цената стигнала до 20 000 евра, а наддавањето се уште не e завршено
-
Надавањето започна: Студентки ја продаваат својата невиност преку интернет