| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто хотелите во САД го избегнуваат бројот 420?

Бројот 420 (исто така во облик 4:20 или 4/20) е бројот кој се доведува во тесна врска со канабисот поради тоа што на 20 април во САД претставува ден на конзумирање и славење на марихуаната.

17054543685718808022e4a404981145_v4 big

Во седумдесеттите години, група на студенти се собирале кај споменикот на   Луј Пастер во универзитетскиот кампус во Сан Рафаел во Калифорнија точно во 4:20 часот за да уживаат во својата омилена активност – конзумирање на марихуана.  Претходно едни на други низ ходниците би си шепнувале  „Луј 420“.

Но не само 20 април тој  ги привлекува уживателите на канабисот. Голем број на туристи, со желба да сочуваат мал сувенир од патувањето, го крадат овој број од вратите на хотелските соби.

Поради таа причина голем број на хотелите немаат соба со број 420, што може да се види и на фотографиите.

Screenshot_1

Screenshot_2

Screenshot_3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top