Арсенал по подолго време славеше една рутинска победа на домашен терен, но она што беше најочигледно на дуелот со ВБА беа полупразните трибини на „Емирати“. Бојкотот на навивачите беше најавен веднаш по ремито со Кристал палас, кога стана јасно дека „топчиите“ веќе немаат никакви шанси во битката за титулата, во која пред нив се Лестер и Тотенхем.
Иако официјалната бројка за посета на синоќешниот дуел е 59.568 (дадена од страна на „топчиите“), медиумите потенцираат дека станува збор за продадени билети. Според фотографиите од натпреварот е јасно дека има преголем број на празни седишта, па прашање е дали на стадионот имаше 40.000 фанови, што би била убедливо најслаба посета на еден премиерлигашки натпревар на Арсенал откако лондонскиот клуб од „Хајбери“ се пресели на „Емирати“.
– Не ги знам причините поради кои оние луѓе кои имаа билети решија да не дојдат, ова беше убава фудбалска претстава – изјави Арсен Венгер веднаш по натпреварот.
Дури и оние навивачи кои дојдоа да ги бодрат своите миленици, не го криеја разочарувањето од настапите и резултатите сезонава, откако „топчиите“ повторно се без шанси за титулата.
– Престанете да лажете дека топ четири е успех, кога на почетокот од секоја година зборувате за титула – разочарано порачуваа фановите на Арсенал, гласно барајќи Арсен Венгер да си замине од кормилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)