| четврток, 6 декември 2018 |

Историска одлука на Апелациониот суд во Турција за „Ергенекон“

fc1_ergenekon

Откажани пресудите за аферата наречена „Ергенекон“, поради која беа осудени 275 лица.

Пресудите донесени во 2013 година на стотици луѓе, меѓу кои десетици високи офицери, на долги години затвор заради обид за државен удар во Турција, беа откажани во четвртокот од страна на турскиот Врховен апелационен суд.

Судот ја аргументира одлуката за поништување со недостаток на докази, кои укажуваат на постоење на „терористичка организација“, која сакала да ја собори владата на премиерот Реџеп Ердоган, сегашен претседател.

Во 2013 година во аферата наречена „Ергенекон“ беа осудени 275 лица.

Апелациониот суд откри бројни неправилности во истрагата, меѓу кои упатување на незаконско прислушување, сведоци без идентитет, како и неправилности при формирањето на судскиот состав кој испрати во затвор 275 лица, вклучително и поранешниот началник на Генералштабот на турската армија Илкер Басбуг, осуден на доживотен затвор за тоа дело.

turcija-apelaciski-sud-energekon-tocka-2016-01

При откривањето на истрагата обвинителите соопштија дека откриле  држава во држава, чија цел е да подгрева немири и извршува преврат.

Во 2014 година турскиот суд дојде до определување на мрежата наречена „Ергенекон“, како „вооружена терористичка организација“.

Многу обвинети беа ослободени месеци по осудата, откако докажаа дека нивните права биле прекршени, но на нив им беше забрането да ја напуштат земјата.

Приврзаниците на Ердоган го обвинија муслиманскиот проповедник Фетхуллах Гулен, кој живее во САД, дека сака да ја ослабне армијата на Турција.

Во одговор на одлуката на Врховниот апелационен суд, турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган објави на „Твитер“ дека Гулен го затрул судскиот процес.

Конфликтот меѓу раководството на турската армија и претседателот Реџеп Ердоган датира од почетокот на оваа деценија. Претседателот на Турција и владејачката конзервативна исламистичка Партија на стабилноста и развојот сакаат промени во основниот закон на земјата, кои ќе ја претворат државата во претседателска република. Во исто време армијата се јавува како главен гарант за секуларната држава, според идеите на нејзиниот творец – Мустафа Кемал Ататурк.

Со случајот „Ергенекон“ Ердоган практично ја стави армијата под своја контрола и така ја отстрани историската поделба на властите во Турција.

Се започна во 2007 година со отворањето на магацин со муниција кај поранешен армиски офицер. По истрагата на случајот, обвинителите тврдеа дека ова откритие ги доведе до расплет на мрежа од офицери, полицајци и новинари, наречена „Ергенекон“, кои имале намера да направат преврат.

Судејќи според овој процес, 275 лица ги отфрлија обвинувањата и посочија дека употребените докази се изманипулирани, како што сега пресуди и Врховниот апелационен суд.

Според Кемал Киличдароглу, лидер на главната опозициска сила Републиканската народна партија, одлуката на апелациониот суд покажува дека има судии во оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top