| четврток, 6 декември 2018 |

Тараненик

Та­ра­не­ник? Што е тоа? На тие што не се по по­тек­ло од Ка­ва­дар­ци и од око­ли­на­та, на пр­во слу­ша­ње збо­рот „та­ра­не­ник“ им изг­ле­да мно­гу чуд­но, ама ако вни­ма­тел­но се зас­лу­ша и ако го по­де­ли­те збо­рот „та­ра­не­ник“, пр­ва асо­ци­ја­ци­ја ви е та­ра­на. Во ова ја­де­ње мо­ра да има та­ра­на. Но, освен та­ра­на, мо­ра да има и уште не­што… Кој вид те­сте­ни­на е ка­ра­кте­ри­стич­на за Ма­ке­до­ни­ја освен та­ра­на? Ју­фки. Уба­ви, вкус­ни, до­маш­ни, со јај­ца, кои на­ши­те ба­би и те­тки ги су­ка­ат на есен, па по­тоа си су­шат на бе­ли чар­ша­фи рас­пос­ла­ни по це­ла ку­ќа.

тараненик

Ова ја­де­ње го обо­жа­ва­ат си­те де­ца. Не­ма де­те што не са­ка ју­фки, та­ра­на, ма­ка­ро­ни, шпа­ге­ти. Та­ра­не­ни­кот е ја­де­ње во чи­е­што под­го­тву­ва­ње мо­же да учес­тву­ва­ат и де­ца­та, да ви по­ма­га­ат. А, по­тоа до­де­ка се пе­че та­ра­не­ни­кот, да се вр­тка­ат око­лу рер­на­та и по­сто­ја­но да пра­шу­ва­ат: Го­то­во е? Уште кол­ку? Ми се ја­де….

Та­ра­не­ни­кот мо­же да се ја­де со си­ре­ње или ка­шка­вал, кој ка­ко са­ка, мо­же да се до­да­де и до­ма­тен сос, по вкус.

Со­стој­ки:

250 гра­ма до­маш­на та­ра­на

250 гра­ма до­маш­ни ју­фки

Еден ли­тар во­да

Сол, мас­ло за ја­де­ње

Си­ре­ње или ка­шка­вал

Под­го­то­вка:

Во та­ва за пе­че­ње пр­во се ре­ди еден ред ју­фки, па по­тоа та­ра­на, и сѐ та­ка на­из­ме­нич­но до­де­ка не се по­пол­ни та­ва­та. Та­ка на­ре­де­ни во та­ва­та, се ста­ва­ат во рер­на да се пот­пе­чат, да фа­тат бо­ја. Во ме­ѓу­вре­ме, до­де­ка се пот­пе­ку­ва­ат во рер­на­та, во ед­но тен­џе­ре се за­гре­ва во­да со сол. Во дру­га та­ва се за­гре­ва мас­ло за ја­де­ње. Ко­га та­ра­не­ни­кот ќе се пот­пе­че во рер­на­та, пр­во се по­ле­ва со же­шка­та во­да, а по­тоа се на­ле­ва со вре­ло­то мас­ло за ја­де­ње. Та­ра­не­ни­кот се пе­че до­де­ка не из­врие во­да­та во та­ва­та. То­гаш се ва­ди та­ра­не­ни­кот од рер­на и оз­го­ра по жел­ба му се до­да­ва си­ре­ње или ка­шка­вал, а ко­га се сер­ви­ра, за тие што са­ка­ат, мо­же да се збо­га­ти со до­ма­тен сос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top