Делегација на вооружените сили (ВС) на Кралството Шпанија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез, од денеска е во дводневна официјална посета на Република Македонија и на АРМ.
Делегацијата во ГШ на АРМ ќе има средба со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и со државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски.
Ова е прва официјална посета на АРМ од страна на еден началник на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, на која покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, ќе се разговара и за искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и од ЕУ и за трансформацијата на АРМ.
Билатералната соработка на полето на одбраната со Кралството Шпанија официјално е воспоставена во октомври 2009 година, со потпишување меморандум за соработка меѓу Министерствата за одбрана. Во изминативе две години, соработката на АРМ со ВС на Кралството Шпанија се одвива на полето на военото образование и јазичната обука, обуката на клучни специјалности пред упатување во мисијата ИСАФ во Авганистан, како и обука за проверка на воздухопловни радионавигациски уреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.