Административците од Општина Кичево, кои беа отпуштени од новата локална власт на чело со градоначалникот Фатмир Дехари, денеска во 11 часот ќе протестираат пред општинската зграда.
Минатата недела беа отпуштени работници вработени со договор на дело со образложение за превработеност иако во пожарната има потреба од пожарникари. Беа отпуштани само Македонци иако со договор има и Албанци. На протестот ќе биде изразено незадоволството од последните отпуштања по етничка линија.
Покрај отпуштените, на протестот во знак на солидарност ќе излезат и нивните роднини, пријатели и солидарни граѓани на Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.