Џихадистите на Исламската држава наскоро планираат да ја нападнат Европа со биолошко и нуклеарно оружје, предупредуваат високи функционери на НАТО и на ЕУ, пренесуваат британските медиуми.
Постои „оправдана загриженост“ дека оваа терористичка група се обидува да набави супстанции што би можеле да се употребат за правење на биолошко, хемиско и радиолошко оружје, пренесуваат британските медиуми.
Заменик-шефот за противтероризам во Европската комисија, Хорхе Берто Силва изјави на саемот за безбедност и против тероризам во британската престолнина Лондон, дека џихадистите на Исламската држава покажуваат заинтереситаност за набавка на такви супстанци, пренесува Independent.
Џејми Шеј, заменик помошник на генералниот секретар за нови безбедносни закани, изјави дека НАТО алијансата „знае дека терористите се обидуваат да ги добијат тие супстанции“.
Тој, исто така предупреди дека постои можност Исламската држава да се распаѓа на две фракции, една – која ќе се занимава со заштита на таканаречениот Калифат во Сирија и Ирак, и втора – која најмногу е концентрирана на формирање терористички ќелии за напади на европските држави.
Белгиските власти во меѓувреме соопштија дека по големите напади во Брисел оваа година, постои можност на европскиот континент, односо во западните држави да имаат пристигнато уште повеќе екстремисти на Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток