Кој е Влатко Васиљ?
Влатко Васиљ се појави кога се појавија Твитер и Фејсбук. Еден на еден, тој и компјутерот, сам во собата со клима, кутија цигари, шолјата кафе и смислува скачки и закачки на кои се лепат тинејџери, со еден збор се прави интересен.
Кога стекна популарност, или фоловери, речено со јазикот на социјалните мрежи, скачките и закачките станаа малку пофилозофски, подлабоки и погласни, но собата не стана ниту сала ниту теретана, климата не ја исклучи, не се испоти.
Неговите досетки се споделуваа, но никој не го видел, никој не го знаел. Влатко Васиљ беше невидливиот мрчач додека Фокус не го здоми. Буквално. Тогаш стана многу гласен и јасен – политички.
И како човек со мислење за сѐ, исто толку широко и знаење и познавање, по неколкуте завршени курсеви со Соросови пари, Васиљ си дозволува да плука и да критикува по кого ќе стигне, а последно на пик го фати Борко Ристовски. Оној министерот за одбрана, кој пред неколку дена заигра ракомет за најдобриот клуб на светот, за Барселона. Оној Борко, за кого не најде згодно време од многу мегафонирање пред собрание, од избирање бои за уништивање споменици, од купување спрејови за испишување графити и сквернавење на спомениците, да му честита за личниот, но и националниот успех – Македонија денеска има двајца врвни, светски, играчи во светската Барселона. Едниот од нив е Борко!
Каков капитал носи Васиљ на грбот за толку да му тежи зборот? Што создал, лично, професионално, па и национално. Дали нашите деца имаат за што да носат неговото име или неговиот лик на маици, дали има за што да се скандира неговото име? Каков капитал создал Влатко Васиљ за да плука по македонските спортски херои, за да ги исмева што се интимно поврзани со Портата Македонија? Може Васиљ да пишува што сака, да плука и да омаловажува, да ништожи и да исмева, но кошаркарите, а следната година и ракометарите на таа Порта ги дочекавме како херои, како наши победници. Таа Порта за нив е вратата низ која влегоа да ни ја донесат победата дома. И затоа, на сите вас на кои ништо не ви е свето – „Абе црн екран за сите вас! The page cannot be found да ви стои!“ Се сеќаваш, Влатко?
Кој е Борко Ристовски?
Борко Ристовски ја започна кариерата пред 21 година, на 12 години. 21 година пот, солзи, истрајност и работа. Од тие 21 добар дел ги помина во националниот дрес, за Македонија.
По последниот пораз во Доха, лани во јануари, на разочаран, емотивен, лут и осамен, ќе напише:
„Ценете го тоа што го имате. Зашто утре можеби ќе биде доцна за сите нас. Сакајте го својот народ искрено без разлика на се, затоа што да не беше оваа генерација, Македонија ќе ги гледаше големите натпреварувања на ТВ.
26 јануари. Денеска е последен наш ден во Доха!
АКО, ТАКА ТРЕБА (се смее). Напаѓајте сѐ што е македонско. Сѐ што вреди и сѐ што ви донело можност за радост. Напаѓајте сѐ што овие години ви овозможи воопшто и да се радувате и да гледате големо натпреварување на кое учествува Македонија и се бори со сите!
Ќе требаат неколку дена за да се опоравиме од ова. Сите оние што мислат дека е лесно, се лажат многу!
Ова боли, боли до таа мерка, што јас лично се чуствувам како да сум изневерил пријател, дел од семејството. Да се разбереме. За Македонија играме чисто од патриотски причини! Затоа и е болката толку голема. Затоа и претходно кажав, радувајте се со нас кога победуваме, но тагувајте кога ќе загубиме. Тоа веројатно го можат само оние кои искрено ни ја даваа поддршката сиве овие години! Затоа искрено сум ви благодарен. Сите сме ви благодарни!
Македонија ни даде поддршка. Македонија беше со нас секогаш. Вистинските и искрени поддржувачи и луѓе што ја сакаат оваа репрезентација и државата беа, и се со нас!
Затоа ценете го тоа што го имате. Зашто утре можеби ќе биде доцна за сите нас. Сакајте го својот народ искрено без разлика на се, затоа што да не беше оваа генерација, Македонија ќе ги гледаше големите натпреварувања на ТВ.
Ви благодарам на сите за искрената поддршка сите овие години!
А за душманите, „стручњаците“ и за лажните љубители на македонскиот народ и спорт: Ви благодариме за сите критики, без вас немаше да успееме и да стигнеме до тука!
Да живее Македонија!“
Сега, сфаќаш, Васиљ, кој е Борко, што е Портата Македонија, која е Македонија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.