По постот од пет натпревари без победа (четири во Примера дивизија) екипата на Барселона се врати во голем стил на победничките патеки наполнувајќи му ја до врв мрежата на Депортиво Ла Коруња постигнувајќи осум гола.
Каталонците одиграа перфектен натпревар и потсетија на онаа Барселона која до пред еден месец газеше сѐ пред себе, а вечерва ја забележаа и највисоката победа сезонава.
Играч на натпреварот вечерва беше Луис Суарез, кој постигна дури четири погодоци, по два во двата полувремиња, а на листата на стрелците се запишаа уште и Нејмар, Меси, Ракитиќ и Бартра. Аргентинецот така стигна до 30-от погодок сезонава и сега Роналдо му „бега“ само еден и битката за „Златната копачка“ ќе биде неизвесна до крајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.