| четврток, 6 декември 2018 |

ГДОМ и граѓаните од Охрид, Битола, Велес, Прилеп и Кавадарци и вечерва со масовни собири

Масовни граѓански собири во повеќе градови и вечерва организира граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

gdom poddrska

На масовни протести граѓаните од Охрид, Битола, Велес, Прилеп и Кавадарци вечерва ќе испратат порака за избори на 5-ти јуни и ставање на дефинитивен крај на избори преку изразување на народната волја.

Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.

Членовите на ГДОМ истакнуваат дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.

-Деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството. Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива. Нема случај никаде во светот опозиција да бега и да се плаши од избори. Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува мирот, истакнуваат од ГДОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top