Луис Фиго пет години беше идол на навивачите на Барселона, а последните 16 години, пак, е најомразениот фудбалер меѓу навивачите на каталонскиот тим.
Португалецот во 2000 година Барселона ја замени со Реал Мадрид, а навивачите на Барса тоа никогаш не му го простија. Две години подоцна на „Камп Ноу“ го дочекаа со незапаметени свирежи, гаѓајќи го со разни предмети, меѓу кои и свинска глава, пред секое негово изведување на корнерите.
Со години Фиго не разговараше со каталонските новинари, но конечно се согласи на одговор на прашањето: Дали е посреќен поради победата на Реал над Гетафе, или за поразот на Барса од Валенсија?
– Не уживам во туѓи приказни. Не сакам кога другите губат. Тоа нема мене да ме усреќи и да ме направи побогат во животот. Мојот живот не се врти околу Барселона или Реал – истакнал Фиго, притоа дополнувајќи:
– Јас немам ништо против Барселона, но каталонските медиуми имаат нешто против мене. Барселона ја напуштив поради спортско-финансиски причини, и фактот дека не добив доволно признание за мојот труд во клубот. А, на крајот испаднав најголем непријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Повеќе од илјада пожарникари учестуваат во гаснењето на пожарот во Португалија
-
Португалија се подготвува за пеколен бран: Следуваат денови со температури од 45 степени