| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата дошла до нови снимки – автомобилот на Марјановиќ снимен во полна брзина

мар

Полицијата во склоп на истрагата за убиство на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, земала снимка од сигурностите камери од продавница во борчанската населба Црвенка.

На снимката од саботата кога Јелена исчезнала, се гледа автомобилот на Марјановиќ, кој брзо возел. Снимките се однесени на понатамошно испитување, како би се утврдило кое е точното време кога автомобилот поминал, дали пред или по исчезнувањето на Јелена.

Ќе се испитува и кој уште минувал по патот во Црвенка, во надеж дека ќе се најде доказ кој би довел до решавање на случајот кој го потресе регионот.

Останува и сомнежот дека во убиството е вмешана жена, чиј идентитет се уште не се открива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top