Тажна вест доаѓа од Австралија, каде почина 51-годишниот навивач на Лестер, Тони Скефингтон.
Скефингтон ја загуби битката со ракот, поради кој уште во март минатата година му беше соопштено дека го чекаат само уште четири недели живот. Храбриот Австралиец не се предаваше и успеа да издржи многу повеќе, но тешката болест на крајот сепак го совлада.
Своевидниот медицински феномен и заколнат навивач на Лестер претходно порача дека „неговиот сакан клуб единствено го одржува во живот“, но на огромна жал на целиот фудбалски свет не доживеа да ги види своите миленици како шампиони на Англија.
Сопругата на Тони вели како нејзиниот сопруг последните денови од својот живот ги минал раскажувајќи им на своите деца за фудбалот и за Лестер, со кои од болничката постела ги гледаше натпреварите на својот клуб.
Неговата последна желба, Лестер да стигне до шампионската круна сезонава на Островот, сега е и еден вид аманет за фудбалерите на овој клуб, кои со жал ја дочекале веста за смртта на Тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.