Оставате ли бакшиш?
Според специјализираниот сајт „TripAdvisor“, американците се најдарежливи и оставаат најмногу бакшиш. Околу 60% од американците признаваат дека оставаат бакшиш за услугите во кои уживаат, но најмногу затоа што тоа е така прифатено во САД.
Голем дел од персоналот во други држави не ни очекува да добие бакшиш за направената услуга.
На пример, келнерите во САД добиваат 2.13 долари на час и се потпираат главно на бакшишот како основен приход. Прифатено е вредноста на бакшишот да биде помеѓу 10% и 20% (обично 15 %). Во Австралија тие добиваат околу 15 долари на час.
Погледнете ги земјите каде не треба да оставате екстра пари кон вашата сметка:
Австралија
Во Австралија не е задолжително да оставате бакшиш. Но, ако сепак го направите тоа, нема да ви ги вратат парите. Просечната плата на келнерите тука е 15.38 долари на час.
Белгија
Повеќето сектори во земјата вклучуваат надоместок за услугата директно на сметката. Значи можете да не оставате бакшиш во ресторан и при користењето на такси.
Кина
Малку е збунувачки. На пример, навредливо е да оставите бакшиш на возачите на такси, но поради бројните туристи, се повеќе водичи се потпираат на тоа како дополнителен приход. Односно можете да им оставите бакшиш, но постои веројатност тој да биде одбиен.
Данска
Според законите во земјата сите такси, вклучувајќи го и бакшишот, се вклучени во цената што ја добивате. Освен тоа, платите се неколку пати повисоки од нашите, така што навистина нема потреба да го правите тоа.
Естонија
Во Естонија бакшишот не е вклучен во сметката. Сепак не сте обврзани да оставите ништо над вредноста на користената услуга.
Финска
Никој не очекува од вас да оставите бакшиш. Таксата за услуга е вклучена во цената.
Франција
Таксата за услуга и тука е вклучена во сметката, затоа може да не оставате дополнителни средства на келнерите. Ако сепак го направите, никој нема да се налути.
Исланд
Таксата за услугата е вклучена во рестораните, кафулињата и таксистите.
Италија
Помеѓу 1 и 3 евра се додаваат на вашата сметка за секоја услуга во Италија. Па, сепак може да оставите 1 долар или 1 евро, ако со тоа ќе се чувствувате подобро.
Јапонија
Не го правете тоа. Не оставајте бакшиш, особено во Јапонија. Ова може да се смета дури и за навредливо.
Малезија
Кон вашата сметка обично се додава околу 10%, така што нема потреба да оставате бакшиш. За рестораните и баровите, сепак може (но не е задолжително) да оставите меѓу 1-2 долари.
Нов Зеланд
Навистина нема потреба да го правите тоа, бидејќи вработените се добро платени, слично на Австралија. Но сепак, ако ве служи студент кој работи со скратено работно време, тој ќе се потпира на бакшишот, бидејќи платата не му е доволно висока.
Сингапур
Околу 10% од сметката ќе ви биде за услугата. Сепак имајте предвид дека овие пари не одат директно кај сервисниот персонал. Во случај да сте многу задоволни од извршените услуги, бакшишот треба да го дадете директно на келнерот.
Словенија
Не е задолжително да оставате бакшиш во Словенија, иако ако го направите, ќе ви се заблагодарат.
Јужна Кореја
Во оваа земјата никој не очекува од вас да оставите бакшиш.
Шведска
Ова е уште една од земјите каде кон сметката ви се додаваат 10% за услугата.
Швајцарија
Персоналот кој врши услуги, во оваа земја исто така е меѓу подобро платените, така што нема потреба (и не е прифатено) да оставате бакшиш.
Виетнам
Оставањето бакшиш не е познато на овие простори. Обично во најдобрите и луксузни ресторани кон сметката има такса за услуга. Единствено доколку сметате дека тие исклучително добро си ја завршиле работата, можете да оставите бакшиш на болнички персонал или на вашиот водич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.