
Петнаесетгодишниот Роко Ричи, син на познатата поп-ѕвезда Мадона и британскиот режисер Гај Ричи бил фотографиран под еден мост во центарот на Лондон, додека во друштво на еден негов пријател пиел алкохолни пијалаци и пушел цигари.

Додека многумина се загрижени за иднината на синот на Мадона, едно е сигурно, општествено неприфатливото однесување и потребата да ја шокира јавноста, Роко го наследил токму од својата мајка.
Иако поп-ѕвездата се надевала дека ќе успее непослушниот тинејџер да го врати дома, судот пред неколку недели одлучи Роко до летото, кога се очекува конечната одлука, да живее кај својот татко во Лондон.
Роко решил да остане во Лондон со неговиот татко и неговата сопруга, манекенката Жаки Ајнсли, откако се оглушил на повикот на својата мајка со неа да ги прослави божикните празници во Њујорк.
Тој се пожалил дека не може да се носи со дисциплината која му ја наметнува Мадона, која е позната по својата строгост, а морал цело време да ја следи на нејзината турнеја бидејќи е малолетен.
Потоа Мадона и Гај Ричи подолго време водат војна на социјалните мрежи. Иако во претходните неколку недели се појавија фотографии на кои се гледа како Роко држи цигара и џоинт во рака, пејачката на суд очигледно не успеала да докаже дека Гај Ричи не се грижи доволно добро за нивниот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


