| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка на навивачи во Босна-двајца се борат за живот

Две лица се здобиле со тешки повреди на главите од кои им е загрозен животот и се подвргнати на итни операции во Клиничкиот центар во Сараево по жестокиот судир на навивачките групи на фудбалските клубови на Премиер лигата на БиХ од Борац од Бања Лука и Железничар од Сараево, во Доњи Травник во централна Босна во кои најмалку 22 лица се повредени, меѓу кои и 7 полицајци, објави Федералната телевизија.

Според информациите на FTV, инцидентот се случил околу 14 часот во местото Оборци, кога отворено се судриле двете навивачки групи кои патувале на два различни фудбалски натпревара иако биле под полициска придружба.

Во Министерството за внатрешни работи на Среднобосанската жупанија изјавиле дека во текот на пресметката на навивачите на двата клуба биле повредени најмалку седум полицајци, седум навивачи на бањалучки Борац и осум на сараевски Железничар.

Вкупно шест навивачи се потешко повредени, соопштија од Жупаниската болница во Травник. Учесниците во инцидентот уште и во текот на вечерта се наоѓаат на местото на судирот каде полицијата спроведува истрага,а приведени се повеќе десетици лица.

Навивачите на Борац патувале од Бања Лука на мечот со Олимпико во Сараево, додека навивачите на Железничар оделе да мечот со Рудар во Приједор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top