Не би ме изненадило ако СДСМ и Заев доколку ја прифатат поканата за Виена, да побараат одлагање на изборите. Некои политичари знаат да функционираат само во криза бидејќи немаат политичка подлога за решене. Одложувањето би значело само продолжение на тензиите, ова во дневникот на ТВ Сител го изјави поранешниот министер за надворешни работи на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Тој истакна и дека ги има сите услови за ибори, освен барањето на Заев да биде победник на изборите, но затоа не одлучува партијата, туку граѓаните.
Милошоски смета дека на Меѓународната заедница и одговара решавање на кризата. Добро е да се има соговорник на македонска страна, вели тој, додавајки дека би требало да се направи се за да се исполни договорот од Пржино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации
-
Милошоски: СДСМ не гласаше за амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга