Колку пати ви се случило за време на слободен ден да се обидувате да се опуштите, но мозокот цело време ги враќа обврските кои ве чекаат и не можете да прекинете да размислувате што се утре треба да направите.
Таквите ситуации станаа нормални и тесно се поврзуваат со стресниот начин на живот со кој секојдневно се соочуваме, а на кои телото реагира на свој начин.
Ако сакате да дознаете колку сте моментално под стрес, направете мал тест за кој ви се потребни само 5 секунди, а во кој ќе ви помогнат оптичките илузии.
Јапонскиот психијатар Акиоши Китаока направил тестирање со помош на слика на оптичка илузија преку која можете да ја откриете моменталната состојба на вашиот ум.
Се што треба да сторите е да го концентрирате погледот на сликата и да ја гледате 5 секунди, На почетокот формите на сликата ќе се движат брзо, а тоа што ќе се случи по неколку секунди ја открива вистинската сликаза состојбата на вашето тело и ум предизвикана од стрес.
Резултатите од тестирањето на стрес:
-ако фигурите се движат брзо, вашето ниво на стрес е мошне високо
-ако формите на сликата се движат бавно, вашето ниво на стрес е ниско или нормално
-ако формите на сликата запрат да се движат, вашето ниво на стрес е минимално
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.