| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските радикали се здружија со СДСМ против Македонија

Албанското движење БЕСА вчера им се приклучи во дивеењето на хулиганите на СДСМ и СОРОС, истото она движење кое неодамна побара редефинирање на Македонија. Дополнително, во петок ќе протестираат и ветераните на УЧК.

boja-0-640x360-1

Движењето БЕСА кое вчера се приклучи на протестите и кое заедно настапуваше со СДСМ и учествуваше во нивниот митинг пред владата, во јуни месец минатата година испорача барања кои се слични на позициите кои беа застапувани од експонентите на СДСМ кои пак спремаа терен за декемвриската конференција посветена на ревидирање на Рамковниот договор.

-Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија, бараме нов договор за РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците, беа дел од барањата на БЕСА.

Она што е познато дека БЕСА рамо до рамо со раководството на СДСМ го организираше митингот пред владата на кој се вееа знамиња на голема албанија и на 113та косовска бригада чии членови учествуваа во кумановската акција во диво насеље.

Во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телевизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

–Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, рече Заев.

Дополнително, во петок во 14 часот во Скопје ќе протестираат членовите на Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, од Организацијата на воени ветерани на ОНА, од граѓанското општество, од Движењето за реформи – ДПА и НДП (RDK).

Во овој контекст е и радикализацијата на ветераните на УЧК, што преку т.н. движење БЕСА ќе треба да се покажат со сета жестина и во петок на митинг во Скопје, какои заканите на албанскиот премиер Еди Рама дека „без редефинирање на Охридскиот договор и подобра позиција на Албанците во Македонија – Албанија ќе го блокира влезот на Македонија во НАТО“.

Дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ на својот Фејсбук профил објави информации кои кружат во бриселските кругови околу последните случувања во Македонија и големата слика за настаните кои се случуваат веќе подолг период во нашата држава.

Тој предупредува дека воопшто не е случајна активизацијата на Метју Нимиц токму во овој период, но дека целта не е само промена на името и идентитетот на државата, туку и целосно редефинирање на Македонија, нешто што веќе како барање го испорачаа партнерите на СДСМ од албанскиот блок, БЕСА.

Нонковиќ алармира и за планот за поделба на македонската територија меѓу Бугарија и Албанија, а во кој контекст ја споменува и позицијата која ја зазеде Борисов декларирајќи се како „пријател на социјал-демократот Заев“.

-Во овој контекст е и радикализацијата на ветераните на УЧК, што преку т.н. движење БЕСА ќе треба да се покажат со сета жестина и во петок на митинг во Скопје, како и заканите на албанскиот премиер Еди Рама дека „без редефинирање на Охридскиот договор и подобра позиција на Албанците во Македонија-Албанија ќе го блокира влезот на Македонија во НАТО“, пишува Нонковиќ.

Новинарот Васко Ефтов, во вчерашната емисија го пренесе животот на Јованка Броз, а денеска на својот Фејсбук профил ја пренесе оваа порака: Ќе биде голем луксуз за нашиот опстанок ако си дозволиме во четврт век или во 25 години два пати да дозволиме да ни ја растураат државата разни платенички орди.

-Вчерашната емисија за Јованка Броз ја емитував сакајќи да ви испратам една порака: Ние кои сме сега во “најубавите години од нашите животи” до пред 25 години живеевме во една многу убава држава која се распадна. Се растури како кула од карти бидејќи не беше отпорна на роварењето на внатрешните паразити и не можеше да го издржи тестот на времето дека се наоѓа на патот на Истокот и Западот. Тука се вкрстуваа две моќни цивилизации и таму каде трчаат слоновите секогаш е изгазена тревата. Сега живееме во друга држава-наша држава која сме ја немале со векови и која ја сакаме исто ако не и повеќе од таа која ни се растури пред 25 години. И пак ја роварат внатрешни паразити и пак ја газат бидејќи се наоѓа на таа линија на фронтот меѓу големите сили и нивните зони на влијание. Ќе биде голем луксуз за нашиот опстанок ако си дозволиме во четврт век или во 25 години два пати да дозволиме да ни ја растураат државата разни платенички орди, напиша Ефтов на Фејсбук.

gweogkeroahk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top