| четврток, 6 декември 2018 |

Правела нешто што поголем број девојки го практикуваат и едвај преживеала (вознемирувачко фото)

Оваа девојка некогаш била прекрасна, но погледнете до каде ја доведе опсесија за темен тен што го одржувала со сончање на плажа и во солариум без заштита.

rak-660x330

Од својата 13 година, Лорен Хендерсон (40) сакала постојано да изгледа исончано. Постојано одела во солариум и на плажа користејќи само масло и кремoви без никаков фактори за заштита од УВ зрачење. Но, тоа ја чинело толку многу што сега жали за последиците.

Lorraine-Henderson-3

– Кога одев на одмор, правев сè што можам за побргу да поцрнам, а по враќањето редовно користев солариум за да ја задржам бојата подолго – изјави за „Дејли мејл“.

По некое време на нејзиното лице се појавила дамка, за која се надевала дека ќе и помине самата од себе, а сонцето ќе ѝ помогне да се загуби. Кога и по некое време не се повлекла, туку, напротив, се зголемила, Лорен отишла на дерматолог.

За жал, се покажа дека добила рак на кожата. Овие денови таа на „Фејсбук“ објави страшна слика од нејзиното лице со лузна по операцијата, како предупредување за сите други „тенорексични“, кои ги прават истите грешки како неа.

Lorraine-Henderson-2

– Мислам дека не постојат доволно предупредувања што ќе ја подигнат свеста кај луѓето и ќе допрат до нив. Кога некој вели, „сонцето е опасно“, звучи апстрактно. Затоа, треба да се покаже ужасна реалност, која на сите ќе им се вреже во меморијата – ја откри својата причините за објавување на фотографиите на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top