| четврток, 6 декември 2018 |

„Аутомотив груп“ донира средства за медицинска опрема за Клиниката за детски болести

Средствата од котизациите на хуманитарниот тениски турнир се наменети за обезбедување на медицинска опрема во износ од 112.500 ден за дечињата од одделот на пулмологија за клиниката за детски болести Скопје. Во форма на чек ѝ беа врачени од страна на Кирил Калеников – генерален менаџер на „Аутомотив груп“, ексклузивен застапник на возилата „рено“, „нисан“ и „дачиа“ на директорката на клиниката за детски болести, д.р Аспазија Софијанова, која изрази голема благодарност што оваа компанија пет години по ред го користи своето место во корпоративното опкружување за хумани цели и излегува во пресрет на медицинските центри како Клиниката за детски болести.

донација2

Тенискиот турнир ќе продолжи да се организира од тимот на Нисан и во иднина, со што одговорните ќе се потрудат и понатаму да придонесуваат за подобрување на здравјето, за соодветно лекување и за квалитетен живот на најмалите, како и грижа за здравствениот систем и животната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top