Грчката полиција уапси и сослуша шест лица поради симнување на грчкото знаме од Универзитетот во Атина, а тие можат да бидат обвинети за навреда на државните симболи.
Група од околу 30 антивладини демонстранти ја заземале на половина час зградата на Атинскиот универзитет, протестирајќи поради затворањето од страна на власта на еден веб сајт и радио станица, кои користеле сервер на Националниот технички универзитет во Атина. Двата медиума ги забранил ректорот на Универзитетот.
Активистите го симнале грчкото знаме и на негово место поставиле црвено-црно знаме на анархистите, кое подоцна било отстрането од полицијата. На влезот од образовната институција била поставена плаката со порака „Кренете го гласот, борете се против државната цензура“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!