| четврток, 6 декември 2018 |

Русите го освоија Белград, ЦСКА Москва е првиот полуфиналист во Евролигата

milos teodosic

Екипата на ЦСКА Москва со максимални 3-0 за збриша Црвена Звезда во рамките од четврфиналната серија во кошаркарската Евролига.
Третата и клучна победа „армејците“ ја остварија на жешкиот терен во белградска арена триумфирајќи со 78-71. Клучната разлика клубот од Москва ја направи во третиот период кога обезбеди доволно голема предност за поопуштена игра во финишот. Пласманот во фајналфор турнирот ќе биде 14 во низа за рускиот клуб кој досега шестпати ја има освоено круната од елитното клупско натпреварување на Стариот континент.

Звезда се закани на четири минути до крајот од мечот кога високата негатива на намали на само два разлика (68-70) но тоа беше се што направија избраниците на тренерот Радоњиќ. Сепак „делиите“ нетреба да жалат за пропуштената шанса за пласман на фајнал-форот оваа сезона бидејќи нивниот тим оствари голем успех во досегашниот дел од сезоната, а ЦСКА која важи за главен фаворит за освојување на тронот се покажа како поквалитетен противник.

Вечерва се играат останатите три дуели, а актуелниот шампион Реал Мадрид го пречекува Фенербахче на домашен терен и ќе се обиде да ја намали разликата од 2-0 која ја има турскиот гигант.

Панатенаикос истотака има негатива од 0-2 во победи против шпанскиот тим Лаборал Куча и пред домашната публика ќе направи се да стигне до победата и да остане во игра за завршниот турнир на четирите најдобри екипи на стариот континент.

Последниот меч се игра во Барселона каде каталонскиот гигант веќе направи исчекор кон фајнал-форот победувајќи во вториот дуел против Локомотив Кубан и со евентуално две победи на домашен терен ќе стигне до посакуваниот резултат од 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top