| четврток, 6 декември 2018 |

Колку навистина траат производите на „Епл“?

Паметните телефони на „Епл“ не се направени да траат долго, а нивниот животен век е многу пократок од тоа што го очекуваат корисниците. Според компанијата од Купертино, животниот век на телефоните што ги произведуваат е околу три години, покажува извештајот што го објавија на нивната страница.

– За да добиеме податоци за користењето, ние ја мериме енергијата што производот ја троши. Дневното користење е различно за секој производ и е комбинација од реалните и од предвидените податоци. Според податоците базирани на вистинското користење на уредите, „ОС Икс“ и „ТвОС“ уредите траат четири години, додека „иОС“ и „вачОС“ по три години – пишува „Епл“ во соопштението.

Компанијата очекува дека корисниците ќе го заменат телефонот по три години, додека животниот век на компјутерите „Mек“ го проценуваат на четири години.

Секоја година корисниците се жалат дека нивните постари телефони се забавуваат кога на пазарот ќе се појави нов модел. Минатата година корисниците се жалеа дека нивниот телефон почнал да работи побавно откако го преземале „иОС9“ оперативниот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top