| четврток, 6 декември 2018 |

„Лего“ на врвот на најмоќните марки во светот

legos-ft

Данската компанија „Лего“ повторно е на врвот на најмоќните марки на светот и од „Ферари“ го презеде лидерското место на листата на најдобри марки.

Истражувачката компнија „Бренд фајненс“ истакнува дека на популарноста на овој производител посебно влијаел филмот „Големата авантура на лего“, кој беше објавен минатата година, пренесува францускиот весник „Фигаро“.

Иако не брилијира во поглед на лојалноста, препознатливоста и угледот на марката, „лего“ од финансиска гледна точка, оваа компанија не фигурира на листата на 10 најмноќни марки, додека „Ферари“ на таа листа котира добро.

Инаку, на листата на финансиски највредните компании во 2014 година ја предводат „Ејпл“, „Самсунг“ и „Гугл“, се вели во истражувањето.

Во катагоријата марки кои забележале најбрз раст, доминира „Твитер“. Неговата вредност е скоро двојно зголемена, на 4,4 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top