Бугарската фудбалска унија го казни Левски со 19 илјади евра поради тоа што навивачите на клубот за време на првенствен натпревар против Литекс што се играл викендов истакнале знаме со нацистичка свастика за да му го честитаат роденденот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. На трибините исто така имало транспаренти на кои пишувало „Среќен роденден!“ и „Тој беше правиот“.
Дисциплинската комисија на БФУ ги повикала органите на власта да ги казнат сторителите со „целосна примена на законот, односно со забрана на пристап на стадиони во траење од најмалку две години“.
Европската фудбалска федерација минатиот септември го казни Левски со 30.000 евра поради расистичко однесување на навивачите на натпревар од Лигата на Европа против Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја