Илјадници битолчани на плоштадот Магнолија дадоа поддршка на иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, од каде едногласно ја упатија пораката дека избори мора да има.
Бројот на граѓани во Битола од минута во минута е се поголем, а најавено е дека маршот од „Магнолија“ ќе продолжи на Широк сокак, па пред штабот на СДСМ.
Изборите се единственото решение за надминување на кризата чија сериозност и се заканува на државата и претставува кочница за напредокот на Македонија.
Од ГДОМ повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Покрај во Битола, масовни собири вечерва има и во Велес и Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.