Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) за вечерва најави масовни протести во Штип, во Битола и во Велес.
Од ГДОМ ги повикаа своите приврзаници на протест против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски од страна на претседателот Иванов.
Протестот во Битола ќе почне во 19 часот на плоштадот Магнолија.
ГДОМ верува во добрата намера на претседателот Горѓе Иванов, ама не се согласуваат со аболирање на Заев и Верушевски.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Иако неколку дена имаше прекин на собирањата, поради огромната желба на граѓаните и огромниот притисок јасно да ја изразат својата волја против актуелните случувања и деструкцијата која ја применува СДСМ, како и за одбрана на државата и мирот, ГДОМ започнува со серија граѓански собири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.