Кога дошло време за матурската вечер, Дру Холм немал партнерка. Прабаба му го прашала дали се подготвува за матурската забава, но тој со солзи во очите ѝ кажал дека нема да оди затоа што нема со кого.
Прабаба му на шега му кажала дека таа ќе оди со него, а тој ова го сфатил сериозно. Пошол кај директорот на училиштето и му кажал дека сака на матурската вечер да дојде со неговата 93-годишна прабаба.
Дру ѝ кажал на парабаба му дека таа за него е најубавата жена на светот, по што бабичката прифатила да биде негова придуржба. Дру и Кети се појавиле на забавата и предизвикале оваации и одушевување. Танцувале и се забавувале како никогаш порано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.