| четврток, 6 декември 2018 |

Имате „aјфон“? Чувајте го, вреди злато

Дали сте знаеле дека вашиот стар „ајфон“ за компанијата „Епл“вреди злато за компанијата? Навистина вреди, и тоа во буквална смисла на зборот.

Според последниот извештај на „Епл“, американската компанија открива дека од своите стари телефони „ајфон“, таблети Ајпад и компјутери, има извадено повеќе од еден тон злато и тоа само во минатата година! Оваа импресивна бројка „Ејпл“ ја има собрано благодарение на корисниците што ги замениле своите стари уреди за нови.

ajfon-5-2

Ова е всушност добар знак, затоа што тоа значи дека американската компанија рециклира метал наместо да го вади од земјата и тоа значи дека старите паметни телефони не завршуваат во отпад и не ја загадуваат планетата Земја. Сепак, самата количина на собрано злато ги изненади буквално сите.

Златото во уредите на „Епл“ е користено затоа што е одличен проводник на електрицитет и не корозира лесно. Иако бакарот е многу поевтин, сепак, тој е далеку побавен проводник  и не е најдобро решение за брзите задачи во уредите на „Епл“. Меѓутоа, златото е далеку поскапо и затоа речиси никој не го користи.

ejpl-zlato-recikliranje-tocka-2016-02

Според извештајот на американски „Си-Ен-Ен“, секој „ајфон“ содржи околу 0.034 грама злато. Тоа не е доволно ниту за изработка на еден мал прстен, но доволно е да заработите 1,28 фунти, или околу 100 денари. Доколку тоа го помножите со бројот на телефоните произведени од оваа компанија, ќе дојдете до фантастична бројка.

Американската компанија поседува и специјален робот кој ги разделува телефоните за рециклирање со цел од нив да ги извади и да ги сочува највредните метали. „Епл“ e на годишно ниво собира и рециклира окол 1,2 милиони уреди и од тоа собира злато. Ваквиот робот на „Епл“ се наоѓа во Калифорнија во САД и во Холандија во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top