Минарето на една од најпознатите и најстари џамии во Сирија е урнато денеска во тешките борби во градот Алепо, соопштено е во Дамаск.
Според државната агенција САНА, бунтовниците го дигнале во воздух минарето што потекнува уште од 11 век.
Во соопштението на бунтовничките сили, меѓутоа, се тврди дека минарето на Умајад џамијата е урнато по тенковскиот напад што го извршиле силите на сириската армија.
Џамијата во Алепо се наоѓа под заштита на УНЕСКО како едно од светското културно наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)