| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите на готовс, препораки поради невообичаено високата температура

Температурата на воздухот денеска и во наредните денови ќе достигне до 32 степена. За денеска од УХРМ најавуваат и висока вредност на УВ-индексот, седум. Поради невообичаената висока температура за овој период од годината, Министерството за здравство издаде препораки за населението.

canicula_soare_71573900

Од Министерството за здравство посочуваат дека ненадејната изложеност на повисока температура, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на температурата во јули и во aвгуст и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица.

– За таа цел, се препорачува да се носи соодветна лесна облека, да не се престојува предолго на директна сончева изложеност, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд се очекува утре попладне, а под влијание на северно воздушно струење дневната температура значително ќе опадне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top