| четврток, 6 декември 2018 |

Беспилотно летало удрило во авион на „Бритиш ервејз“

avion

Беспилотно летало погодило авион на британската авионска компанија „Бритиш ервејз“ додека слетувал на аеродромот „Хитроу“ во Лондон, соопшти полицијата на Метрополитен.

Авионот што летал на релација Женева – Лондон, со 132 патници и со петмина членови на екипажот, безбедно се спуштил на аеродромот.

По слетувањето, пилотот на „ербасот“ го пријавил инцидентот, објаснувајќи дека „некаков објект“, за кој рекол дека „најверојатно е беспилотно летало“, удрил во предниот дел од леталото.

Отворена е истрага од аеродромските власти на „Хитроу“, како и од британската полиција, но претставник на полицијата изјави дека, засега, никој не е уапсен.

Ова е прв регистриран случај во Велика Британија беспилотно лтало да удри во некој патнички авион.

Во соопштението на „Бритиш ервејз“ се вели дека за компанијата е „најважно дека авионот слетал безбедно“.

Компанијата соопшти дека веднаш била направена експертиза на леталото и било утврдено дека авионот може одново да полета.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top