Компанијата „Career Cast“ рангираше 200 професии, од најмногу до најмалку посакуваните. Земени се предвид неколку фактори, меѓу кои се опкружувањето, платата и стресот поради работата. Сите тие показатели доведоа до тоа работата како репортер во весник да биде прогласена за најлоша во 2013 година.
„Појнтер“ пишува дека оваа листа на најлоши или најмалку пожелни работи се прави веќе 25 години, а професијата на новинарите во текот на годините паѓала кон дното на табелата за конечно сега да го достигне самото дно.
Причините поради кои работата како репортер во весник не е пожелна се следни: работата е лошо платена, а, освен тоа, и исклучително стресна затоа што новинарот има рокови кои мора да ги исполни. Неговата работа е под будното око на целата јавност која врз основа на известувањето на новинарите го формира своето мислење за одредени појави и настани во општеството. Новинарите во принцип немаат работно време, дури и кога се слободни секогаш мора да бидат на располагање и подготвени да известуваат. Освен тоа, во слободно време мора да следат сè што се случува за да бидат информирани пред останатите.
Освен ова, евидентно е дека од година во година се вработуваат сè помалку новинари. Може да се очекува побарувачката на новинари да биде уште помала, особено во печатените изданија. Тука е и постојаната опасност од затворање на медиумите која ќе постои и во иднина, особено за весниците, па работата на вработените репортери останува под прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Слабиот одѕив на референдумот во Македонија е удар за Запад, пишуваат германските медиуми
-
Договорот со Македонија, главна тема во грчките медиуми: „Направивме компромис со Северна Македонија“
-
Словенечки „Репортер“: Заев почна со апсење на неистомислениците
-
Димитров ќе потроши 2,6 милиони денари за набавка на странски весници