Да се расчистат сите шпекулации.
По информацијата дека Саша Поповиќ наводно планира од септември да ги укине „Ѕвездите на Гранд“ и да го смени шоуто со слично натпреварување на музички таленти, се огласи и „Гранд“ продукцијата која ги демантираше тие шпекулации.
-По повод објавените информации дека оваа есен ќе згасне музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ја известуваме јавноста дека станува збор за невистинита информација. Некои од регионалните медиуми објавија вест која не е вистинита, повикувајќи се на неименувани извори од продукцијата. Директорот на „Гранд“ нема намера да го укине и згасне најпопуларното шоу во регионот – се наведува во соопштението на „Гранд продукција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Неутешни: Само неколку дена откако им е ограбена куќата, следуваше нова драма кај Саша Поповиќ!
-
Саша Поповиќ збесна: Цела Гранд естрада во полиција за грабежот
-
И Саша Поповиќ бил кај Баба Ванѓа: Еве што му рекла…(видео)