Трансферот на Борко Ристовски во Барселона веќе е се поизвесна работа. Викендов макеоднскиот голман е во Барселона каде треба да ги заврши медицинските прегледи и да го финализира договорот со актуелниот европски шампион.
Според фотографијата што ја објави на својата официјална страна на фејсбук, работите се одвиваат во посакуваниот правец. Борко спои „работа и задоволство“ одбележувајќи го неделеното попладне во Барселона во друштво со Кире Лазаров и со својот менаџер, Исланѓанецот Арнар Фреир Теодорсон.
Како што веќе информираше ЕКИПА, Борко Ристовски од следната сезона најверојатно ќе му се приклучи на Кире Лазаров во составот на Барселона. Македонскиот голман доби понуда од Барселона за двегодишна соработка што беше доволно примамливо да се реши да го напушти Рајн Некар Левен. Барселона минатата недела на официјална прес конференција ја објави разделбата со Даниел Шариќ кој кариерата ќе ја продолжи во Катар, а неговото место на голот на Барселона од следната сезона треба да застане Борко Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.