„Скопје се сеќава” е насловот на сите случувања што ќе ги организира градот Скопје по повод 50 годишнината од земјотресот на 26 јули.
Дел од оваа манифестација ќе биде и враќањето на ѕидот од Музејот на Град Скопје на пораката на Јосип Броз Тито посветена на разурнатиот град и на жртвите во 1963 година. Пораката беше отстранета пред 12 години со образложение дека тој дел од Музејот ќе се рекоструира и дека пораката ќе биде вратена.
Градоначалникот Kоце Трајановски изјави дека на оваа манифестација ќе им се оддаде почит на загинатите сограѓани и на земјите што помогнаа и вети дека градот нема да ги менува имињата на улиците крстени по земјите што се солидаризираа со жителите на главниот град на тогашна социјалистичка Македонија. На улицата „Петре Пирузе“ во населбата Тафталиџе ќе и биде вратено старото име “Мексичка“.
Во 1963 година, во знак на благодарност, многу сообраќајници беа именувани по земјите-донатори, нивни градови или, пак, по истакнати нивни личности.
На 26 јули 1963 година загинаа 1.000 лица, повеќе од 3.300 луѓе останаа трајни инвалиди, а 100.000 луѓе останаа без дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.