ПСЖ го обезбеди првото засилување за следната сезона, но и креатор на играта за долги патеки. Како што тврдат бројните француски медиуми, ПСЖ постигна договор со Розарио околу трансферот на младиот Аргентинец, Џовани Ло Селсо кој наскоро ќе потпише повеќегодишен договор со шампионот на Франција.
20-годишниот Ло Селсо е тип на играч на Хавиер Пасторе, кој сезонава на 10 натпревари постигнал еден гол, дополнет и со една асистенција. Информациите велат дека ПСЖ и Розарио веќе се договориле отштетата за Ло Селсо да изнесува 11 милиони евра.
Оваа вест ја пренесуваат и италијанските медиуми, бидејќи за младиот Аргентинец беа заинтересирани и Рома и Јувентус. Ло Селсо беше на „мета“ и на Борусија Дортмунд, но на крајот се одлучил за парижаните затоа што за ПСЖ играл неговиот идол Анхел Ди Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)