Кошаркарот на Барселона, Хуан Карлос Наваро, испиша историја во Евролигата, откако вчера против Локомотив Кубан го одигра 300.натпревар во ова европско натпреварување. Тој во триумфот на својот тим од 66-92 уфрли 18 поени и стигна до бројката од вкупно 3851 поени, со што исто така е апсолутен рекордер во Евролигата.
Барселона следните два меча против Локомотив Кубан ги игра на домашен терен, и откако израмни на 1-1 во серијата, има можност со две победи пред своите гледачи да оствари ново учество на завршниот Ф4 турнир.
Наваро своето деби во Евролигата го имаше во 2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.