| четврток, 6 декември 2018 |

ЛЕ: Избегнато шпанско полуфинале, Ливерпул оди на Вилјареал

По фантастичната елиминација на Борусија Дортмунд, следна мисија на фудбалерите на Ливерпул на патот кон финалето во Лигата на Европа во Базел ќе биде двомечот со шпанскиот прволигаш Вилјареал. Првиот дуел ќе се игра во Шпанија, а реваншот ќе биде на „Енфилд роуд“.

Севилја, која се „специјализира“ за освојување на трофејот во Лигата на Европа, ќе се обиде да стигне до ново финале во двомечот со украинскиот клуб Шахтјор Доњецк. Првиот меч ќе се игра во Украина, а Севилја ќе ја има предноста на домашен терен во реваншот.

Двојки – Лига Европа, Полуфинале

Шахтјор Доњецк – Севилја

Вилјареал – Ливерпул

Првите мечеви се играат на 28.април, а реваншите на 5.мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top