| четврток, 6 декември 2018 |

Џејми Оливер и неговата сопруга очекуваат петто дете

Популарниот британски готвач Џејми Оливер и неговата сопруга Џулет Нортон го очекуваат петтото дете. Оливер на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија на својата сопруга, која е во шестиот месец на бременоста. Очекуваат девојче.

Неговата прва серија „Гол ручек“ емитувана на „Би-би-си“ постигна милионска гледаност, а книгата што ја објави стана бестселер само неколку месеци откако излезе во печат.

Неговото богатство се проценува на 65 милиони фунти, а својата популарност ја насочи и на популазирација на здрава исхрана кај младите и на подготовка на органска храна во училишните кантини во Велика Британија. Беше прогласен за најинспиративна политичка фигура во 2005 година. Далеку зад него остана Тони Блер. Пишуваше колумни за „Тајмс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top