| четврток, 6 декември 2018 |

Со оваа маичка не може никогаш да се изгубите (фото)

Додека да добиеме лесни и преносни преведувачи, ова маичка може да биде најгенијалниот, па дури и најмодерниот аксесоар за патување досега. Наречена е „IconSpeak t-shirt“ и има 40 универзални симболи на предната страна што ви овозможува да комуницирате со локалното население во која било држава или град каде патувате, и покрај јазичните бариери.

koferi

Креативната маичка била дизајнирана од тројца Швајцарци, Џорџ, Стивен и Флоријан, кои ја добиле идејата додека пиеле доцна во ноќта во Виетнам. Тие велат дека многу пати наишле на јазични бариери кои можеле да ги преминат само ако нацртаат некаков знак или симбол на лист хартија, мапа или на земјата.

-Би било супер ако постои начин трајно да ги носите тие симболи со вас за да можете едноставно да покажете што точно ви треба и луѓето да ве разберат. Започнавме да правиме листа на најпотребните и најосновните симболи кои би биле од огромна помош не само за нашето, туку и за сечие патување“ , велат тие.

0-ovaa-maichka-e-edinstvenoto-neshto-shto-vi-treba-ako-se-izgubite-vo-druga-zemja-kafepauza.mk_

Очигледно маичката се покажала како успешен дизајн и моментално е во продажба по локалните продавници и бутици по цена од 33 долари или околу 1.800 денари. Што мислите, би ви помогнала во вашите патувања?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top