Една од најголемите забави во регионот ќе се одржи на 25 мај кога ќерката на фолк пејачката Цеца, Анастасија Ражнатовиќ ќе наполни 18 години.
На големиот настан со кој Цеца има намера да ја засени прославата на полнолетството на синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, ќе има 250 гости, а за забавата ќе бидат задолжени Саша Ковачевиќ и Саша Матиќ.
Медиумите уште од сега го поставуваат прашањето дали Цеца конечно ќе го покаже избраникот Александар Јововиќ.
Вељко како што стојат работите ќе дојде со девојката Маша Терзиќ со која по кој знае кој пат ја обнови врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.