| четврток, 6 декември 2018 |

Реал против „граѓаните“, Пеп Гвардиола се враќа во Мадрид во полуфиналињата од ЛШ

liga na sampioni

Десеткратниот европски првак Реал Мадрид ќе ги одмери силите со англискиот премиерлигаш Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид ќе игра против германскиот првак Баерн Минхен. Победниците ќе играат во големото финале, кое оваа сезона е закажано за 28 мај во Милано, на стадионот „Сан Сиро“.

Поранешниот прославен фудбалер на Интер, Дејан Станковиќ, се чини дека најмногу среќа им донесе на „кралевите“, кои ќе го играат реваншот против Манчестер сити на „Сантијаго Бернабеу“. Пеп Гвардиола со баварскиот клуб ќе допатува прво на „Висенте Калдерон“, а Баерн Минхен ќе го игра реваншот против Атлетико Мадрид пред своите гледачи.

Сепак, се работи за четири врвни екипи кои успеаја да стигнат до самата завршница во елитното европско клупско натпреварување и јасно е дека не очекуваат неизвесни полуфинални мечеви во Лигата на шампионите.

Првите натпревари се на програмата на 26/27 април, додека реваншите се на 3/4 мај.

Парови за полуфиналињата во Лигата на шампионите:

Манчестер Сити – Реал Мадрид

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен

Финале: (Милано) 28 мај

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top