| четврток, 6 декември 2018 |

По Скопје и Штип, Вардар јуниор лигата в недела ќе се игра во Охрид

vardar3По натпреварите во Скопје и во Штип, Вардар јуниор лигата се сели во Охрид. В недела ќе се одигра третото пролетно коло, на кое домаќин е тимот на Евро фудбал 2 – Вардар.

На стадионот „Билјанини извори“ ќе настапат тимовите на ФК Вардар, ФК Ново Лисиче и ФК Спортефе од Скопје, како и ФК Прилеп од истоимениот град и ФК Еврофудбал 2 – Вардар од Охрид. Овие клубови ќе ги одмерат силите меѓу себе со генерациите на деца родени од 2003 година до 2006 година.

vardar2Според натпреварувачкиот распоред, во периодот меѓу 11 и 14 часот планирано е да бидат одиграни 12 средби, на кои младите надежи ќе имаат нови можности уште еднаш да го покажат нивниот талент.

Во генерациите 2003 година и 2005 година се испланирани по четири натпревари, во генерацијата 2004 година, еден, додека во најмладата генерација ќе има три натпревари, а за сите четири првиот меч е закажан со почеток од 11 часот.

vardar1Во продолжение може да го погледнете целосниот редослед на натпреварите:

Генерација 2003 година:

11.00 часот ФК Прилеп – ФК Еврофудбал 2-Вардар, Охрид

11.45 часот ФК Вардар – ФК Ново Лисиче, Скопје

12.30 часот ФК Вардар – ФК Прилеп

13.15 часот ФК Ново Лисиче, Скопје – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид

Генерација 2004 година:

11.00 часот ФК Евро фудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје

vardar4Генерација 2005 година:

11.00 часот ФК Прилеп – ФК Ново Лисиче, Скопје

11.35 часот ФК Вардар – ФК Еврофудбал 2-Вардар, Охрид

12.10 часот ФК Вардар – ФК Прилеп

12.45 часот ФК Еврофудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје

Генерација 2006 година:

11.00 часот ФК Спортефе-Вардар, Скопје – ФК Еврофудбал 2-Вардар, Охрид

11.35 часот ФК Спортефе-Вардар, Скопје – ФК Ново Лисиче, Скопје

12.10 часот ФК Еврофудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top