Податок кој може да го засени целиот случај.
Речиси две недели бруталното убиство на Јелена Крсмановиќ на нејзиното семејство, роднините, пријателите, полицијата и граѓаните во целиот регион не им дава мира.
Еден коментар објавен на сајтот на порталот на српскиот Курир привлекол внимание поради начинот на кој е напишан и времето кога бил напишан. Имено, тој е напишан и објаван ноќта кога било пријавено исчезнувањето на Јелена Крсмановиќ (помеѓу 2 и 3 април) под веста за исчезнувањето на пејачката со наслов „Потрага по пејачката –Јелена Крсмановиќ исчезнала додека трчала на насип во Борча“.
Коментарот го оставил некој кој се потпишал со Конечно слободна, а гласел „Избегала на единствениот можен начин. Не ја брајате“.
Потсетуваме во моментот кога е напишан коментарот, Јелена се водела како исчезната. Прашањето е: која е личноста која го оставила овој коментар? Дали била упатена во животните прилики на Јелена Крсмановиќ, дали е сведок на убиство или можеби е сторителот? .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.